Сите припадници на католичката вероисповед денеска го слават големиот хистијански празникот Велигден. Ова е еден од најголемите празници кога се собираат семејствата и ги поминуваат празниците во мир и хармонија.
Пејачката Северина на својот Инстаграм профил сподели фотографии од семејниот дом, па меѓу другото, освен велигденски јајца, се сликаше и како изгледа празничната трпеза, а имаше и слика со нејзиниот наследник.
View this post on Instagram
Северина потоа на својот профил објави фотографија со мајка си Ана, а еден детаљ ги привлече погледите.
Имено, Северина и нејзината мајка позираат на сликата, со широка насмевка, а она што е забележливо е дека нејзината мајка носи марама околу вратот кој и помага да ја држи раката фиксирана, што укажува дека има повреда, поради што таа сега мора да одмара и да не ја оптеретува.
Пејачката не напиша ништо за повредата на мајка си, само накратко им посака на сите среќен празник.
фото:Инстаграм принтскрин/Северина