Радио Милева
Како модели

Сестрите Родиќ во заедничка фотосесија, а на бремената Бојана и се наѕира стомачето (фото)

Сестрите Родиќ во заедничка фотосесија, а на бремената Бојана и се наѕира стомачето (фото)
фото:принтскрин инстаграм

Бојана, Богдана и Наташа Родиќ се повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста, а за деталите од нивните животи се зборува многу, додека нивните најнови слики воодушевија многумина.

Сестрите Родиќ се најдоа во центарот на вниманието на медиумите кога една од нив, Богдана, се омажи за Ве Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

По неа, Бојана Родиќ влезе во романса со синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан, со кого сега чека бебе, а интересот на јавноста за овие сестри дополнително се зголеми.

фото:бојана родиќ/инстаграм принтскрин

Трите сега позираа во изданија во кои досега немавме можност да ги видиме.

Богдана носеше пурпурен, краток фустан за фотосесијата, додека најстарата сестра Наташа избра долг жолт фустан. И бремената Бојана позираше во долг зелен фустан, а шлицот и беше до колкови.

фото:бојана родиќ/инстаграм принтскрин

Многумина го забележаа дека веќе започна да се појавува и нејзиниот труднички стомак.

Сестрите подоцна ја сменија облеката и преминаа од елегантни фустани во не помалку елегантни костуми.

Таму избраа виолетова, сина и розова боја.

Останати вести од Радио Милева