Боби Џин Картер, сестрата на Ник Картер, почина на 41-годишна возраст. Оваа трагедија го погоди семејството на пејачот само една година откако почина неговиот брат Арон Картер.
Според TMZ, Боби Џин Картер била пронајдена во нејзиниот дом на Флорида, а причината за смртта се уште не е позната.
Ова е трет член од семејството на Ник Картер кој почина во последните години. Да потсетиме, пејачот Арон Картер, братот на Ник Картер, почина на 5 ноември 2022 година на 35-годишна возраст, кога се удави во када поради вдишување на компримиран воздух од лименки.
Според пишувањата на странските медиуми, во неговиот дом биле пронајдени бројни празни лименки со компримиран воздух, како и купишта шишиња со таблети и лекови на рецепт. Не е јасно дали поради предозирање се удавил во кадата, но полицијата верува дека тоа лесно може да биде возможно.
Десет години претходно, Лесли Картер почина на 25-годишна возраст поради предозирање со разни лекови.
фото: Instagram/nickcarter