Пејачката Мерима Његомир почина пред еден месец по кратко боледување од опасната болест.
Зад себе остави четири деца и сестрата Нина Павиќ која се огласи на својот Фејсбук и сподели емотивна порака.
Таа откри детали од последниот разговор со Мерима и истакна дека и е жал што не успеала да ја види пред да почине.
-Доаѓаат празници, време за желби. Јас имам една желба, а тоа е да биде сон што на вчерашниот ден те видов, а на утрешниот ден те слушнав за последен пат. Тогаш ми кажа дека си добро и дека си малку уморена и дека ти се спие, да ти ги кажам своите резултати. Ти кажав да не се грижиш дека и јас ќе бидам добро ако ти си добро. Ми одговори – важи, а јас ти реков – спиј, ќе се слушнеме. Тогаш ми јавија дека си заспала. Отогаш деновите се долги, ноќите уште подолги, а утрото најтажен дел од денот бидејќи се прашувам дали сум будна или спијам и кога ќе заврши овој лош сон, предолго трае, напиша таа.
За потсетување, Мерима во септември дознала дека е болна од карцином, но за жал ја изгуби битката со болеста.
фото: дамир дервишагиќ/принтскрин/никад није касно/фесјбук