Откако Меган Маркл стана дел од британското кралско семејство, нејзиниот татко и полусестра се обидуваат да и ја нарушат репутацијата. Се служат со секакви средства против оној кој ќе им застане на патот.
Саманта Маркл напиша две книги во кои како вели, ги открива тајните на својата помлада сестра, а од неодамна има уште еден непријател.
Ни помалку ни повеќе, тоа е актерот Џор Клуни, кој го напрадна испровоцирана од неговата изјава за војвотката Меган Маркл.
-Сите ја прогонуваат Меган Мaркл насекаде. И прават голем притисок и ја казнуваат. Жената е во седмиот месец од бременоста, а ја прогонуваат на исто начин како што и правеа на принцезата дајана. Историјате се повторува, а видовме како заврши!, изјави Клуни кој е добар пријател на кралската двојка и со тоа ја предизвика Саманта која веднаш се огласи на социјалните мрежи.

-Твојата сопруга адвокатка требало да те научи дека не смееш да даваш изјави без аргументи. Не верувам дека Џорџ Клуни така прозва мајка без легитимна причина. Подобро е да молчиш Џорџ, порача бесно Саманта.