Постарата сестра на познатата пејачка Мараја Кери објави видео во кое се пожали на лошата финансиска состојба, но и на тешкиот живот без заби.
“Јас сум Алисон Кери, за жал живеам без заби. Не успеав да ги заменам. Посакувам да можам да ги заменам, но едноставно немам пари и така стојат работите. Речиси е невозможно да правете некои работи без заби. Тоа е сè што навистина имам да кажам“, се вели во видеото кое се шири на социјалните мрежи.
Пејачката Мараја Кери долго време не е во добри односи со нејзината 61-годишна сестра Алисон Кери.
Алисон е зависничка која се опоравува, која е ХИВ позитивна и во неколку наврати јавно побарала помош од нејзината сестра.
@didyoucatchthis Alison Carey Updates Public, Says “She Can’t Afford Teeth”. #mariahcarey #foryou #xyzbca #trending ♬ original sound – Did You Catch This?
Пред осум години таа се здобила со оштетување на мозокот откако крадци упаднале во нејзиниот дом и тешко ја повредиле. Поради тоа, таа морала да оди на операција на ‘рбетот и мозокот. Во видеото кое го снимила и кажала на својата позната сестра дека ја сака.
„Очајно ми треба твојата помош, те молам не ме оставај“, рекла тогаш Алисон, која тврди дека работела како проститутка за да го издржува своето семејство пред Мараја да стане позната.
Сепак, портпаролот на познатата пејачка тврди дека таа никогаш не ја заборавила својата сестра.
“Марија потроши илјадници долари за поддршка на нејзината сестра и нејзините деца во текот на годините. Таа го издржува своето пошироко семејство две децении”, рекол тој тогаш.
фото: getty images/Daily Mail/Jutjub printskrin