Радио Милева
оставена на секој со своето

Сестрата на Џорџина Родригез изнесе шокантно обвинение: „Немам ни за леб, а таа не сака да слушне за мене и моите деца“

Сестрата на Џорџина Родригез изнесе шокантно обвинение: „Немам ни за леб, а таа не сака да слушне за мене и моите деца“

Патриша Родригез, сестрата на Џоџина Родригез, свршеница на фудбалерот Кристијано Роналдо, во јавноста откри шокантни детали од својот живот и меѓу другото истакна дека веќе три години е без постојан покрив над главата. Притоа, таа е принудена да гледа како нејзината позната сестра се фали со својот луксузен живот на социјалните мрежи, патува низ светот, престојува во луксузни вили и нема намера финансиски да и помага.

– Шворц сум, а сестра ми не ми помага. Најмногу ме боли поради моите деца, не поради мене. На крајот на краиштата, јас можам да преживеам со парче леб, но моите деца, нејзините внуци не можат. Не го очекував тоа од сестра ми. Понекогаш имаме што да јадеме, понекогаш немаме. Имам доволно за да ја платам киријата, но понекогаш немам доволно ни за тоа – изјави Патриша за шпанската ТВ емисија „Socialite“.

Патриша истакна дека нејзиниот однос со нејзината пет години помлада сестра е турбулентен, што особено се одрази по смртта на нивниот татко во 2019 година. Таа исто така додала дека поради Џорџина„сè уште ја нема пепелта на нејзиниот татко“.

– Џорџина, ми треба твојата помош, ти си моја сестра. Знам дека немаш никаква обврска ни одговорност, но како што ги поддржуваш другите, биди иста кон твоите сестрички – и порачала јавно на позната сестра.

Интересно е што Џорџина не ја спомна Патриша во реалното шоу „Јо Џорџина“ издадено од Нетфликс во јануари. Во него таа зборува само за Кристијано, неговите деца, пријатели и другата сестра Ивана.

-Секогаш се чувствував отфрлен од нив. Веднаш ме сместија во интернат, а моите сестри се грижеа за некои девојчиња. Еднаш ѝ побарав дрес потпишан од Роналдо за мојот син. Ми кажа дека не сака да му пречи, дека е на одмор – изјавила во едно од првите интервјуа.

фото:Getty Images/Instagram

 

Останати вести од Радио Милева