Први април, за некого денот на шегата, за некого ден на лагата… Кој како милува да го нарекува, ама едно речиси сите, особено помладите тој ден го прават…. Се маскираат! Најмладите заради забава, оние малку повозрасните и заради забава и заради „поубав впечаток“, а можеби најмногу заради тоа што „под туѓата маска“ некако полесно се живее! Макар и еден ден! Па, не поусто рекле, животот е маскенбал!
Својата маска секој сам ја избира, во зависност што му се допаѓа да биде кога не би бил тој што е или за полесно некому да му се допадне. Се маскираат и обичните луѓе, ама и естрадните ѕвезди кога таа вечер имаат настапи по локалите, клубовите и кафулињата ширум државата!
Македонската мисица, модел и се почесто пејачка, Кристина Димитриевска не ја заобиколи традицијата! Убавицата таа вечер реши да ја помине како секси медицинска сестра. Во бели гаќички, мини фустанче до препони, кое едвај стига да и го припокрие „подножјето на меѓуножјето“ на расната тетовчанка, во бели чорапи од тантела над коленици и жартиери, на високи потпетици и длабоко деколте кое го отсликува сиот раскош на бујната предница, расната убавица како со магично стапче за миг се претвори во секси медицинска сестра.
Или сестра Кристина, која штом ја видите – непрестано ќе ја зумирате како низ двоглед, зашто со каков еротски набој зрачи, се чини како да „лечи со поглед“!
Медицинската панделка, црвените свилени ракавици и стетоскопот за „диши-диши“ како пропратни реквизити за изгледот да биде комплетен, зашто без соодветен прибор ниту впечатокот не би бил комплетен.
Ординацијата таа вечер беше лоцирана во еден познат локал во Пробиштип, каде сите што дојдоа, не се покајаа. А како и би се, кога сестра Кристина навистина им приреди незаборавно уживање.
Аудиовизуелно или повеќе визуелно, ама сеедно… Впрочем, како и многупати претходно, се покажаува дека денес музиката многу повеќе „се гледа“ отколку што се слуша.
Или поточно се „впива со очи“, па затоа сестра Кристина таа вечер сите погледи кон себе ги насочи.
Задоволните „пациенти“, пардон – конзументи, имаа можност за единствено доживување, што со сета своја убавина, сексапил и еротски движења им го приреди сестра Кристина.
View this post on Instagram
Секое ново нишање со колковите и секоја нова поза, за нова „дијагноза“… Тахикардија, забрзан пулс, аритмија, срцебиење… и нова тура пиење. Притосокот и на оној што го нема, ќе му се крене… И така песна по песна во недоглед, сестра Кристина Димитриевска таа вечер „лечеше со поглед“.
А потоа сите по дома… По „бурната ноќ“, на „бурни сништа“. Сите машки со „очи полни желба“ по првоаприлската веселба… А, меѓу нив и по некоја девојка, со „поинаква определба“!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry