Мегафон елементарна непогода

Серија земјотреси почувствувани во Македонија: Епицентарот во Албанија каде има и човечки жртви и материјална штета

Серија земјотреси почувствувани во Македонија: Епицентарот во Албанија каде има и човечки жртви и материјална штета

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава, на 26.11.2019 регистрирше серија на земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170km југозападно од Скопје, каде има значителни материјални штети, а стигаат информации и за човечки жртви.

-Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 3 часот и 54 минути со локална Рихтерова магнитуда 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.
Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови на Република Македонија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Фото: АП

To top