Радио Милева

Сергеј Варошлија се огласи по претставката-тужба на водителката Елена Стефановска ама овој пат се случи неочекуваното (видео)

Сергеј Варошлија се огласи по претставката-тужба на водителката Елена Стефановска ама овој пат се случи неочекуваното (видео)

Изминатата недела ТВ водителката Елена Стефановска преку социјалните мрежи откри дека не остана воздржана на критиките на модниот гуру Сергеј Варошлија кој неколкупати го коментираше нејзиниот изглед во емисијата „Мода“ на 1ТВ.

Стафановска се обрати со Претставка до државниот орган кој ги регулира правата и односите во РТВ етерот – „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на  ( се’ уште) Република Македонија“. А претставката – еден вид жалба за нарушување на личниот углед, загрозување на интегритетот и како личност и како професионалец во професијата.

Набргу, стига одговорот од Агенцијата, кој нејзината Претставка ја прифаќа како основана, па во истиот меѓу другото се вели:

„Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди…“!, а Стафановска по ова реши да се жели и по судски пат.

Оттогаш поминаа неколку дена, па во вчерашното и најново издание на емисијата „Мода“, Елена повторно се најде „на тапет“ кај Сергеј, но овој пат тој беше воздржан.

Дали беше воздржан за нејзината тужба или пак за стајлингот од фотографијата која ја избрал, знае самиот најдобро.

Поради неговиот неочекуван „едноминутен молк“ за водителката со која сериозно завојува, некои можеби помислија дека има проблеми со тонот од телевизијата.

Но, сепак не стануваше збор за технички проблем, туку молчење предизвикно од гласно почнатата војна која продолжува низ државните институции.

фото/видео:facebook,youtube 1tvchanel

 

To top