Оние кои ги виделе првите две епизоди велат дека се работи за продукција која потсетува на најдобрите современи светски серии. Во серијата провејува постмодернистичка комбинација на трилер и драма, спој на фикција и историски настани, а се среќаваме и со многу автентични ликови. „Сите овие ликови се во функција на драмскиот заплет”, вели Бјелогрлиќ и додава дека серијата е снимана во Србија, Македонија и во Русија.
Балкан како простор, кој е крстосница на висока политика, локални интереси, капитал и криминал е амбиент во кој се случува дејството на ова серија. Снимањето на серијата се одвивало од октомври 2016 до јуни 2017.
Продукција: Радио-телевизија Србија, Кобра Филм
Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Александар Галибин, Андреј Зибров, Милош Тимотијевиќ.
8-та епизода е во режија на македонскиот режисер Игор Иванов-Изи, а од актерската екипа дел се и македонските актери: Тони Михајловски, Петар Мирчевски, Никола Ристановски, Јана Стојановска.
20-те години на минатиот век.. Многу ликови, политичка позадина, историска фикција помешана со жанровите трилер и мистерија. Експлицитни сцени на насилства, убиства, секс, дилање на дрога и конзумирање на истите и.. серијата полека „почнува да не вози”.