Словенечката пејачка со босанко потекло, Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, е една од оние кои често го менуваат имиџот. Затоа сме навикнале да ја гледаме во разни изданија, но ваква шанса сè уште немавме… Или прилика да ја видат разголена, имале само малкумина.
<Овој пат таа решила да им покаже на своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи со какви волшебни облини располага.
Сенида позира на плажа во мини „јоргован“ бикини, од кое „кипат“ бујните облини на пејачката. Фановите воодушевени, со чи широко ококорени и подзината уста полна комплименти но и малку поинакви коментари за нејзиниот телесен раскош. Сенидах – бујна, расна и по малку… „мрсна“!
Сепак, фактот дека за само 2 часа собра повеќе од 60.000 лајкови најдобро покажува колку нејзиниот телесен раскош ги возбудува, иако имаше и такви, кои наводно веднаш не ја препознаа: „Мислев дека е Ким Кардашијан на прв поглед“, „Добра е, но не ја препознав…“!
Фото: Инстаграм принтскрин/senida_h