Сенидах синоќа (29.12.2021) била нападната за време на нејзин настап во еден клуб во Босна и Херцеговина.
Според зборовите на изворот кој бил на лице место, додека пејачката била на сцената бил фрлен солзавец поради што настапот бил веднаш прекинат, пишува курир.рс
Засега не се познати чинителите на ова дело, но во естрадните кругови се зборува дека Сенидах подолго време е на мета на мафија со која ја прекинала соработката пред две години.
Наводно, тие ја финансирале така што вложувале во спотови и кариера, а за возврат од настапите земале дел од парите.
Сенидах не била достапна за коментар
фото: ата имагес/инсграм