Семејството на Шабан Шаулиќ ќе го тужи Алсин Лавант кој е виновен за сообраќајната несреќа во која почина пејачот на 17 февруари.
Нивната желба е да Турчинот кој возел пијан, без возачка дозвола и со украден автомовил, да плати што поголема казна.
Српските медиуми пренесуваат дека тие може да добијат повеќе од 300 000 евра, онолку колку пејачот би заработил според договорите во 2019година.
„Иако германското судство и полицијата ќе постапат според законите, семејството Шаулиќ не сака да седи со скрстени раце. Моментално се распрашуваат колкава казна може да да добие Алсин и колку години ќе оди во затвор. Пред се, тоа сакат да го направат за да придонесат да не предизвика вакви сообраќајни несреќи“ вели изворот.
Како што пренесуваат, Гоца се распрашувала колку штета може да наплати од Турчинот.
„Со огледот на тоа што од куќата во Шапац сакат да направат музеј, парите ќе ги инвенстират во него, за да го зачуваат споменот на пејачот“ вели изворот.
За потсетување, обдукцијата покажа дека пејачот починал од последиците од сообраќајката.