Радио Милева семејни очекувања и лични планови

Семејството само за едно ја прашува, а Стојне Николова на нешто сосема друго мисли, планира и посакува (ВИДЕО)

Семејството само за едно ја прашува, а Стојне Николова на нешто сосема друго мисли, планира и посакува (ВИДЕО)

Ситна, динамитна, атрактивна, експлозивна, полна со енергија и сексапил… Македонско фолк мињонче ко бонбонче. Така отприлика до скоро ја опишуваа македонската фолкерка Стојне Николова.

Но, до скоро  срамежливата струмичанка со текот на времето и годините несомнено полека прераснува во една сосема поинаква убавица.

Промените евидентни и во изгледот, однесувањето, облекувањето…

Стајлингот на фолкерката сега многу пософистициран, изгледот исто така, а сексапилот и неодоливата привлечност мултиплицирани.

Долгите нозе, витата става, извајаното га*е и симпатичниот лик, ја прават фатално примамлива и пожелна, што и ја зголемува и цената за на тезга и бројот на настапи.

Едноставно Стојне е „Новата јас“ како што и гласи и насловот на нејзината нова песна, истоимената фолк балада на атрактивната струмичанка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии во претходната песна…

Но, не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки и песни во фолк музиката.

А новата Стојне,  млада, убава, згодна, атрактивна, сексапилна, пожелна… е девојка која е „вистинска прилика“ за секој  слободен ерген. Токму затоа Стојнето го облетуваат многу додворувачи, иако  се’ уште, не барем јавно,  не видовме дека младата фолкерка е во нечие срце, односно некој во нејзиното, поточно  во сериозна љубовна врска.

Арно ама како славата напредува, популарноста оди во нагорна линија, а со неа и приходите, на убавото Стојне, како и на секое младо моме се повеќе му се живее. А серизоната врска не е баш секогаш „компатибилна“ со слободниот уметнички живот, па оттаму на Стојне Николова некако повеќе и „пасува“ да биде слободна.

До душа, семејството изгледа не мисли баш така, па  ја прашува само за едно, а Стојнето планира, посакува и мисли на  нешто сосема друго. На што – дознајте од видеото што самата го споделила како одоговор на „здодевните“ прашања на фамилијата!

Фото: Инстаграм/stojne_official

To top