На брачната двојка Ружица и Перо Антиќ без сомнеж им е навистина многу интересно во домот.
Пред се го имаат најголемото богатство што може еден човек да посака –децата. Тие ги имаат трите синчиња чија безусловна љубов им е двигател за секој следен ден во животот.
Но покрај детската смеа и радост која ја имаат во изобилство, мама Ружица и тато Перо дополнително знаат како да ги израдуваат своите деца, но и себе.
Имено, тие се големи љубители на животните, а познато е дека имаат неколку миленичиња во домот. Според приложеното на социјалните мрежи, Ружица откри дека семејството се проширило за уште еден член.
Со фотографија од преслатката синоока Лара која е од расата хаски, Ружица напиша дека сега имаат уште една „девојка“ дома.
View this post on Instagram
Само уште ти ни фалеше, за се да си дојде на свое место… лол Лара Антиќ ? #newbaby
-Само уште ти ни фалеше, за се да си дојде на свое место… лол Лара Антиќ, ново бебе, гласи описот.
За објавата следеа многу коментари со честитки за крзнената убавица Лара.
фото:инстаграм