Брачно музичката двојка Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ живеат денови на радост и исчекување на најубавото.
Имено, нивната единица, ќерката Деа наскоро ќе стане мајка и ќе ги направи горди баба и дедо. Деа на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиното патување во Индија, а од приложеното каде голиот труднички стомак е во прв план, може да се забележи дека таа е кон средината на бременоста.
Идните баба и дедо, Силви и Влатко ги гледаме и слушаме за нив само кога имаат некој настап, како неодамнешниот на „Макфест“, така што од нив засега нема јавна објава за убавите моменти од приватноста и она што допрва ги чека.
Деа за разлика од мама и тато е активна на социјалните мрежи, а иако од одамна живее во Амстердам, често си доаѓа во родната Македонија кај родителите.
За потсетување, наследничката на Силви и Влатко се одлучи да оди по стапките на своите родители, односно да ја избере музиката за своја професионална животна определба. Таа дипломираше џез тапани, работи и како диџеј, свири како перкусионист во „Перија“, а голема љубов и е јогата и медитацијата.
фото: Facebook/ Dea Plevneš / Silvy Band / Силви Бенд / Instagram printscreen / deaplevnesh