Радио Милева

Семејството на Шабан Шаулиќ повторно се огласи во јавност со благодарност за поддршката и помошта

Семејството на Шабан Шаулиќ повторно се огласи во јавност со благодарност за поддршката и помошта

Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија, но неговото семејство, сега издаде официјално соопштение во кое сака да ја изрази својата благодарност за досегашната поддршка и помош.

Соопштението го објавуваме во целост:

– Семејство Шаилиќ сака во овие тешки моменти да се заблагодари на безусловната поддршка и помош на претседателот на РС, Александар Вучиќ, министерот за надворешни работи и заменик-премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за одбрана, Александар Вулин, генералениот конзул во Дизелдорф Бранислав Перин, претседател на градското  собрание на Белград Никодијевиќ, заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ, генералениот конзул во Франкфурт Бранислав Радовановиќ, Претседателството и на Владата на Република Србија,  конзуларниот персонал во Дизелдорф, канцеларијата на градоначалникот и сите функционери кои ни испратија зборови на поддршка.

– Фала  на клиниката во Билелефилд поради напорите и сеопфатна помош во обид да се спасат животи, полицијата на градот која постојано ни беше на располагање со информации, претставници на Северна Рајна Вестфалија за вашата помош, како и на државниот обвинител кој им овозможи на семејството да во текот обдукциската постапка сепак да го видиме телото и да кажеме збогум на достоинствен начин на нашиот сопруг, татко, дедо и никогаш прежален голем човек и уметник Шабан – се вели во соопштението.

To top