Иако многумина мислеа дека оваа, на многумина омилена двојка ќе отпатува некаде на некоја далечна дестинација како Малдиви, Тенерифе и слични дестинации, Новак и Јелена избраа нешто сосема друго.Тие отидоа на патување низ Португалија и Азорските Острови, автономна провинција на Португалија која се наоѓа во средината на Атлантикот.
– Трепнуваш и животот продолжува… на на на на… ова беше мојата роденденска желба – Прошетка низ Азурот со мојот витез и поглед на прекрасните делфини – напиша Јелена во објавата која ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.Како што можете да видите на видеото, Јелена и Новак уживаат во патувањето низ Португалија, уживаат во прекрасната природа, шетаат низ непристапните предели обраснати со густа вегетација, а можат само да гледаат во морето, бидејќи областа е неуредена, а плажата личи на нешто од најстрашните филмови.
View this post on Instagram
Освен тоа, се чини дека времето не им е баш љубезно настроено, па наместо да се сончаат на прекрасна плажа, тие двајца се шетаат низ обраснатите патеки на Азорските острови во кабаници.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ