Пејачката Индира Арадиновиќ попозната како Инди јавно се откажа од сестра си едита Арадиновиќ, исто така пејачка.
Таа на својот Инстаграм профил ја објави таа информација и ја шокираше јавноста. За целото ова долго молчеше, а сега реши да ја образложи својата постапка.
-Мене почна да ми пречи зошто таа приватно не ми честита и даде коментар. Тоа ме заболи и навистина морав да реагирам, како што таа објави на „стори“, така направив и јас. Единствена што ја имам на светот е таа, секако нашите мајка и татко… Можеби сега наиде некој таков период, но се ќе биде како што треба, вели Инди.
Пејачката не ја исклучува можноста да се смири со сестра си во наредниот период.
-Јас сум постара и секогаш ќе простувам и попуштам, признава Инди во емисијата „Ексклузив“.