Пејачката Селма Бајрами редовно ги известува своите следбеници за нејзините актулени случувања во животот.
Нејзините последни објави привлекоа посебно внимание.
Имено, пејачката објави фотографија на која позира во долна облека, а нејзиното тело изгледа витко и заносно.
„Полека, но сигурно, килограмите одат надолу“, напиша таа покрај објавата.
Потсетуваме, пред неколку месеци пејачката истакна дека се уште се чувствува младо и испрати моќна порака до сите.
„Се чувствувам како да имам 25 години. Ми велат дека вешто ја кријам тагата, а јас морам да ги коригирам. Не си дозволувам ништо да ме изнервира, секогаш гледам позитивно и знам дека нема ништо што не може да се реши. Колку повеќе непријателите се обидуваат да ме турнат на дното, јас станувам само посилна.Сите оние кои заминале од вашиот живот заминале со причина. Среќата ги прати храбрите“, напиша пејачката во една прилика.