Регионалната фолк ѕвезда, Селма Бајрами, брзо по добивањето на синот се разведе од својот маж, но борбата за старателство се’ уште трае.
Најтешкиот удар за пејачката се случи на 23.декември 2020 година, кога судот донесе одлука со која старателството му го додели на таткото.
Во тој момет светот и се сруши на пејачката! Бајрами немаше пари да го плаќа адвокатот, а со тоа му го откажа полномошното и доживеа тежот пораз на суд.
„Беше донесена одлука старателството врз синот да припадне на таткото. Поради короната, судовите не работеа како што треба, секогаш имаше некакви доцнења. Претходно го откажав полномошното на мојот адвокат, бидејќи не бев во ситуација да го плаќам, бидејќи како што знаете во тие моменти ние пејачите бевме едни од најпогодените. Во тие месеци немав пари и со оглед дека постојано се бранев од тој човек кој ме напаѓаше со години, а исто така се служеше со се и сешто за да ме оцрни како мајка“, низ солзи проговори Селма која со својата тажна животна приказна го расплака регионот.