Пејачката Селена Гомез призна дека со години се бори со биполарно растројство и токму поради тоа посетила психијатриска болница.
Селена во интервју откри дека и било дијагностицирано биполарно пореметување.
„Неодамна бев во една од најдобрите ментални болници и таму добив дијагноза. Тоа иствовремено ме исплаши, но и ме релаксираше. Се релаксирав бидејќи конечно ја дознав причината за мојата депресија“ призна Селена.
Таа откри што и помага да ја прифати ситуацијата.
„Се досега не бев свесна што ми се случува. Сега кога имам информации знам што треба да правам. Кога бев мала се плашев од грмежи, па мајка ми ми купуваше книги да читам за тоа. Ми кажа: „Колку повеќе знаеш за тоа, толку помалку ќе се плашиш“. И успеа. Истото важи и за овој проблем“ вели Селена.
Пејачката зборуваше за анксиозноста и депресијата, па објасни зошто порано не обратувала внимание на своето здравје.
„Јас сум девојка од Тексас, а тука не се зборува за менталното здравје. Тука мора да изгледаш кул. Така кај децата и тинејџерите се собира бес“ вели Гомез.