Дара – Бубамара веќе некое време ужива во љубовната романса со момче 23 години помладо момче, но и се чини дека другите луѓе и ја уништуваат среќата!
Имено, откако психијатарот Јован Мариќ ја окарактеризира Дара како „невнимателна мајка“ поради таа врска, пејачката се разлути, па жестоко го нападна.
„Овој стар манијак не може да ме извади од својата глава! За негова информација, ние многу убаво се согласуваме. Јас сум тотално задоволена, а изгледот на овој дртав „сексолог“ ми кажува дека тој оддамна заборавил што е секс, бидејќи изгледа како синтетичко ќебе испрано на 90 степени. Очигледно го боли сјајот на лицата на задоволни и заљубени луѓе“ – беше немилосрдна Дара, но Мариќ и овој пат не и остана должен.
„Иако многумина сметаат дека Дара е доминантен во таа врска, машкото сепак е тој што има предност и кој ќе може да си најде нешто слично на него. Таа има 44 години, а па го фаќа последниот воз, што би рекол нашиот народ. Уште три-четири години, потоа следува менопауза и драма“ – рече Мариќ и објасни кој го има главниот збор во врските кога има голема разлика во возраста меѓу партнерите.
„Велат дека таа го врти, неискусен е и млад, но не е така. Вистината е дека тој ќе ја остави, бидејќи има можност да го избере она што е соодветно за него. Знам многу такви врски, ова е една животна вистина од перспектива на професионалец. Жените кои се во врска со помлади мажи во Холивуд ги нарекуваат пуми“ – вели сексологот Мариќ, а потоа тој се осврнал на бруталните навреди и погрдните зборови што му ги упатила пејачката.
„Кога станува збор за сексот, моето искуство е богато, особено што имам три брака зад себе, но и долга пракса со разни клиенти. Значи, таа нејзина забелешка не стои, но многу ми се допаѓа фразата ‘испрано ќебе’… затоа што звучи убаво“.