Некогашната „Ѕвезда на Гранд“, Милан Динчиќ Динча и неговата партнерка Јелена Секуловиќ вчера организираа голема свадбена прослава на која присуствуваа голем број на јавни личности.
Свадбата беше во еден белградски ресторан, а младите и нивните гости направи прослава за паметење.
Јелена блескаше во раскошна венчаница, а Динча се одлучи за темно – зелено одело.
На свадбата се појавија Милица Павловиќ, Катарина Грујиќ, Јелена Костов, Саша Капор….
Милица Павловиќ го фати бидермаерот, а според народните верувања таа е следна која ќе се мажи.
Пејачката не го криеше задоволството што токму таа го фатила бидермаерот.
Дали конечно „секси сењорита“ ќе има среќа во љубовта и ќе заплива во брачните води останува да видиме.