Неодамна ТВ водителката Милена Антовска Станковска го прослави првиот роденден на својата ќеркичка Јоана и со семејството имаа убави моменти исполнети со многу среќа.
Времето лета и помина цела година откако Милена се породи по вторпат, а за многу кратко време се врати во топ форма, иако еден период не беше задоволна од својот изглед, па летото се двоумеше дали да објавува фотографии во бикини.
Сега постпородилниот период е зад неа, а таа е во совршена форма.
Во поглед на стилот, Миленче сезонава е навлечена на куси здолништа кои со тие долги нозе, совршено и прилегаат.
Многу често е тама во медиумите и тоа токму поради својот секси изглед, особено оној пред камери.
Но и кога не е на работа, Милена е истата секси мама, а тоа го покажа со селфи во лифт од стајлингот кој го избрала на врнежлив ден.
Таа споила беж долг капут со макси џемпрче и ултра кусо колоритно здолниште – шик урбана комбинација која е полн погодок. Сесапилот и е пуштен на најјако, а нема сомнеж дека со вака голи нозе била магнет за погледи.
фото:Инстаграм/Фејсбук принтскрин/Милена Антовска