Радио Милева
„експлозивна“ славеничка

Сексапилната „ураганка“ наместо свеќички, дуваше фитиљ на „бум-бум торта“: Ивана во ултра мини фустанче што едвај го прекрива задникот го славеше роденденот (ФОТО)

Сексапилната „ураганка“ наместо свеќички,  дуваше фитиљ на „бум-бум торта“: Ивана во ултра мини фустанче што едвај го прекрива задникот го славеше роденденот (ФОТО)

Ивана Николиќ, членката на  атрактивните „Ураганки“  го прослави својот 27 роденден, а како и секогаш за оваа пригода го одбра „бомбастично“ издание… И тоа во секој поглед. И кога е нејзиниот аутфит во прашање, но и кога се работи за роденденската торта!

Ултра кусо фустанче што едвај го покрива задникот, со длабоко деколте до папокот и сандали со високи потпетици на долгите нозе,  никогаш и никого не ги оставија  рамнодушни сите присутни.

Таа цела ноќ уживаше во друштво на најблиските пријатели и лудо се забавуваше задно со нив.

Забавата во еден од локалите во главниот град траела до доцна во ноќта, а пејачката ги прегрнала пријателите, се радувала и уживала во нејзината роденденска ноќ.

Посебно внимание привлече и тортата во форма на бомба на која пишува „Бум“, а се вклопува и со изгледот на роденденската славеничка,  за која сите велат дека е вистинска секс бомба.

Сексапилната “ураганка“ наместо свеќички, го дуваше фитиљот на  чоколадната „бум-бум торта“, која потоа ја пресече, по што атмосферата „експлодира“!

Ивана никогаш не изгледала подобро, а ниту насмевката не ја симнаувала од лицето… како што од неа дел од гостите во локалот не го симнуваа погледот!

Фото: Инстаграм принтскрин/ivana_boom_nikolic

Останати вести од Радио Милева