Претставникот на Италија на Евровизија, пејачот Дамиано Давид од групата „Манескин“, воодушеви многу припаднички на понежниот пол, а на неговиот шарм не му одолеа ниту српската претставничка, членката на групата „Ураган“, Сања Вучиќ .
Имено, за време на неговиот настап во полуфиналето, Сања играше и пееше воодушевена, цело време. Танцуваше нон стоп, а за време на настапот погледна во Дамијан кој во тоа време беше на сцената. Имено, тој е во љубовна врска со Џорџиа Сорели, манекенка и пин-ап модел, но „ураганката“ тоа не ја засега.
Сега се појави и нивната заедничка фотографија, како и кусо видео. „Ќе му бидам сопруга, ќе видите“, ќе рече Сања на видеото кое кружи на социјалните мрежи.
not ivana being mad at sanja saying “you got the italian, what about us” 😭 pic.twitter.com/FSkn43OLFb
— neda 🇩🇰 (@bistravodka) May 24, 2021