Јована Ѓорѓевиќ, сопругата на српскиот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ, која мораше да го напушти италијанското реално шоу „Островот на славните“ поради посета на хирург ги разпамети сите следбеници на Инстаграм.
Откако „грмеше“ со фотографии во бикини, Јована позираше топлес, а од „жешките“ кадри на никому не му е добро.
Влажната Јована го соблече горниот дел од костимот за капење и го сврте грбот кон камерата. Нејзиниот затегнат задник беше во преден план, а едната рака ја спуштила покрај минијатурната танга.
Јована често се огласува на социјалната мрежа Твитер, каде што еднаш се скара со еден следбеник, но и открила која била нејзината прва работа:
“На 15 години работев на бензинската пумпа на татко ми, бришев шофершајбни. Татко ми не беше воодушевен од идејата, но мајка ми инсистираше сама да ги заработам парите за ужина”, напишала манекенката, а потоа се заканила дека ќе му удри шамар на следбеникот.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/callmelolita