Радио Милева „гола вистина“

Сексапилната фитнес инструкторка Ана Стојанова ви подготвува „гола вистина“: Што подлабко е потоната тангата, толку подобро е совладана програмата! (ФОТО)(ФОТО)

Сексапилната фитнес инструкторка Ана Стојанова ви подготвува „гола вистина“: Што подлабко е потоната тангата, толку подобро е совладана програмата! (ФОТО)(ФОТО)

И оваа 2021-ва полека изминува, а крајот на годината е вообичаено периодот кога се сумираат резултатите и се кројат плановите за следната што доаѓа. Една од најекспонираните Македонки на социјалните мрежи, а со тоа и во јавноста секако годинава беше атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова. И покрај корона пандемијата годината не само што и беше успешна, туку и повеќе од тоа – судбинска!

Имено покрај напредокот и успесите во она што го прави и работи, презентира и промовира, Ана се оствари и во приватниот живот… Или барем е на добар пат тоа да го направи како нечија сопруга.

Иако за нејзиниот приватен и емотивен живот пошироката јавност не знаеше речиси ништо, зашто  Ана не  ни откриваше многу детали, сепак, згодната инструкторка не можеше даја заобиколи и да не ја сподели „голата вистина“ дека неодамна беше побарана за жена. Имено, таа му кажа „ДА“ на својот избраник Кирил која ја запроси Стојанова како во филмска сцена.

Атрактивната фитнес инструкторка Ана Стојанова кажа „да“: „Кога сцена од филм ќе стане реалност“ (фото)

Но, „голата вистина“ на Стојанова тука не застанува… Имено, таа деновиве истата звучно ја најави со нова епизода и тоа многу поразлична од она што досега јавноста го видела.

За каква акција се работи, Ана вети дека ќе каже и покаже околу Бадник, по Нова Година. Судејќи по дел од споделените фотографии, ќе биде жестоко…  и жешко!

Со многу емоции и забава, а всушност, вистинска приказна, како што самата појаснува.

Во меѓувреме, мала проверка на нештата… Од гардеробата по шкафови до слоганот – „сиГАЗиме“, со акцент на средните три букви и констатација дека: „Се’ си е на свое место“ , што може да се види и од приложената фотографија на разголената фитнес инструкторка. Што подлабко е потоната тангата, толку подобро е совладана програмата!

И додека сите чекаме да дојде најлудата ноќ за да ја испратиме годината, сексапилната фитнес инструкторка може да се надева и очекува, дека 2022 ќе и биде уште поуспешна од оваа година.

Зашто сега се сите предуслови исполнети таа да биде уште посреќна… И до крај исполнета!

Конечно, можеби заедно со подарокот на Дедо Мраз во Новата година и… штркот ќе и долета?

Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova

 

 

 

To top