Нашата позната Лото девојка, Марјана Станојковска, Бог ја дарил со убавина која и го трасираше патот до популарноста и јавниот живот.
Освен тоа што веќе долги години ја води наградната игра на државната лотарија, Станојковска е доста барано лице за маркетинг и реклама, особено на производи од кои треба да се нагласи женската убавина и атрибути.
Па така, еден од нејзините константни ангажмани за еден македонски бренд деновиве ја однесе во еден од скопските шопинг центри каде имаше задача да рекламира хулахопки.
А за да се промовира овој производ, требаат совршените нозе на Марјана.
За да ги истакне дополнително, што нозете, што хулахопките, Марјана се облече во секси црна комбинација од ултра кусо мини здолниште и црна ролка.
Извајна од глава до пети, ретко кој не сври врат по оваа божја убавина, а целта не се сомневаме дека е постигната.