Радио Милева американски сон

Секс(и) и градот: Оливера Ѓоргоска во мини бикини на Беверли Хилс (ФОТО)

Секс(и) и градот: Оливера Ѓоргоска во мини бикини на Беверли Хилс (ФОТО)

Македонската пејачка  Оливера Ѓоргоска очигледно го живее својот американски сон. Замина во САД на музичко доусовршување, па стигна фо докторат… Ама очигледно убаваото Оливерче стигна и да го живее животот. Онака, младешки, без обврски, опуштено, забавно, кул… Барем додека се може!

Фотографиите од различни дестинации и локации го покажуваат и докажауваат тоа. Распеаната прилепчанка баш ужива во секој нов ден, во секој нов час и миг, па така уживајќи стигна да поужива и на најексклузивната локација во градот на ангелите – Беверли Хилс. Приватни вили со базени, одбрано друштво, затворен круг и приватни забави… до бесвест!  Она натаму – само таа и останатите присутни го знаат!

Ама затоа она што се знае е и слуша е нејзиниот вокал, а она што се гледа е нејзината става.

Покрај музиката, пејачката очигледно е доста посветена на одржување на својата фигура, па кондицијата и фит формата не и недостасуваат, а од резултатите кои ги покажува на социјалните мрежи, домашните медиуми не ретко ја споредуваат со светската дива Џеј Ло или Ким Кардашијан… во изгледот, секако!

Последните фотографии – жив доказ за тоа. Оливера расоблечена во минијатурно бикини, составено повеќе од врвки отколку од платно, едвај ја покрива интимата на пејачката, која во него изгледа повеќе од привлечно и пожелно…. Едноставно, ултра секси!

Сето тоа зачинето уште со по некоја жешка поза под холивудските палми во друштво на нејзината пријателка Ивон, македонската пејачка ја открива во вистинско светло…

Секс(и) Оливера и градот на забавата – Беверли Хилс…  Л.А., Калифорнија, САД.

To top