Пејачката Александра Младеновиќ на самиот почеток во емисијата „Амиџи шоу“ проговори за инцидентот што го имала со сега веќе поранешното момче Стефан Черчар.
Имено, Александра предизвика вистинска бура во јавноста кога откри дека Стефан и крадел и се заканувал дека ќе си го одземе животот ако го остави.
– Жал ми е што се се случи така. Не ми требаат овие скандали. Беше прекрасен на почетокот, тоа се случи наеднаш, се префрли во еден момент и го покажа своето вистинско лице. Апелирам до девојките да внимаваат со кого се во врска – рече таа и додаде:
– Секоја девојка би паднала на неговите манири. Секому може да му се случи. Мора да запознаете некого за да стапите во врска. Не сакам мажи, ми треба време да го заборавам сето ова. Сè уште не ми е добро, тешко ми е да зборувам за тоа. Не ми треба медиумско внимание, целосно сум резервирана до крајот на годината, ова ми помогна во кариерата и работата. Не сме во контакт и не се слушаме. Цел живот се заљубувам во погрешни. Сега ја научив лекција до крајот на мојот живот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Амиџи шоу/ Ата Имаџес