Славната Опра Винфри се приклучува на познатите во борбата против опаката болест која го зафати светот.
Таа ќе донира 10 милиони долари за борба против проблемите предизвикани од коронавирусот, и тоа како помош во храна за најзагрозените групи граѓани на САД.
Една од најбогатите и највлијателни жени, на друштвените мрежи објави: „Ќе донирам 10 милиони долари за помош на Американците за време на пандемијата во областите каде што израснав и ширум земјата”.
Славната водителка на забавни емисии е родена во Мисисипи, а пораснала во Милвоки и Тенеси. И самата детството го минала, голем дел, во сиромаштија.
Дел од парите ќе оди во новиот американски фонд за храна основан од фирмите Епл, Форд и глумецот Леонардо ди Каприо, што е наменет, пред сѐ – за помош на децата и сиромашните во време на пандемијата.