Двајца преставници на македонската естрада – два света… Ако не по сите, тогаш сигурно по многу основи. Музиката е нивниот НЗС, нивната тангента, заедничка точка, зашто и обајцата важат за познати естрадни уметници, арно ама…
Владимир Блажев или Панчо оддамна, како ДЈ, член на некои групи во младоста и последниве години етаблиран, познат и признат, како една половина од ар ен би дуото „ДНК“ со кое сними дузина песни, видеоспотови, неколку албуми, исфрли грст хитови… Со еден збор, веќе остави траг и си обезбеди свое место во македонската естрадна историја која сејкојдневно се пишува.
Васил Гарванлиев уште како дете блесна во на детските фестивали со хитот „Марионка“, ама по неа – исчезна, го снема… Живот надвор од земјата, влета во водите на класиката, па враќање во земјата со обиди да се наметне со малку поинаква музика, особено со „несреќните“ евровизиски настапи… Оној „несудениот“ – лани заради Ковид 19 пандемијата и овој годинешниов, кој заврши „неславно“ уште пред да почне, пред да се појави на евровизиската сцена со сите оние скандали, афери и контроверзи… кои во старт го следеа. Од „бугарштината“ и отвореното признавање на сексуалната определба, до пласманот на евровизиската опашка!
Последните објави на обајцата покажуваат две различни нешта, две различни не само музички концепции, туку и животни филозофии.
Имено, како што е познато Панчо со Андреј (ДНК) пред почетокот на за нас историскиот деби настап на едно големо натпреварување како што е тековното ЕУРО 2020 во фудбал со дел од колегите од македонската естрада ја создадоа навивачката химна „Македонија на Европско“.
Познатиот изведувач и ДЈ не пропушти да биде и дел од македонската навивачка експедиција, која се најде на трибините на Националната арена во Букурешт, каде Македонија дебитираше на ЕУРО во мечот со Австрија, кој за жал го загубивме, но прикажавме игра, покажавме карактер, желба, волја и сила за надигрување… И што е најважно: Испишавме историја!
А, Панчо заедно со армијата македонски навивачи кои го обоија стадионот во црвено – жолта боја,, пред почетокот на мечот од трибините ја пееше македонската химна и страствено од се’ срце навиваше за Македонија!
Васил Гарванлиев исто така не ја пропушти можноста викендов да запее! И тоа во согласност со својата јавно искажана сексуална определба, на геј парада во Бугарија!
Пред својот настап, Гарванлиев им порача на присутните дека „во музиката нема граници, нема омраза, нема политика и дека нема сексуална ориентација, но дека има љубов, енергија и дека сите сме – едно“! Белким мислеше дека сите ТИЕ се едно! Нејсе, сеедно, иако не е…
На прашањето дали размислува да оствари дует со некој бугарски изведувач, Гарванлиев рекол: „Не само што мислам, туку и сонувам за дует со бугарски артист“.
Гарванлиев притоа рекол дека веќе преговара со неколку изведувачи: „Можеме да започнеме со Викторија“, мислејќи на бугарската претставничка на Евровизија.
„Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови, вие сте прекрасни… Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика…“ – додал нашиот годинешен евровизиски претставник.
Двајца естрадни уметници, ама секој со својот сон… А соништата тотално различни! Како и определбата, музиката, постапките, настапите, појавата на дијаметрално различни локации…
Кому што му е поважно, белким?