Радио Милева Смеење до солзи

„Секој со своите гревови“: Тамара ја истетовира химната, а по неа и Игор Џамбазов на стомак ја стави својата најголема животна грешка (фото)

„Секој со своите гревови“: Тамара ја истетовира химната, а по неа и Игор Џамбазов на стомак ја стави својата најголема животна грешка (фото)

Веќе и птиците на гранките знаат дека пејачка Тамара Тодевска го истетовира делот од химната на Р. Македонија кој приопушти да го испее на прославата по повод Денот на независноста на САД.

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографијата на Тамара каде позира со поткрената маичка за да се види тетовираното.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/veteno-ispolneto-tamara-todevska-ja-istetovira-himnata-na-makedonija-foto/

Секој имаше свое видување преку коментар, па додека едни и аплаудираа за храброста, други и порачаа дека не морала да го прави тоа за да му се докажува на народот, а пак трети си тераа сеир на нејзина сметка алудирајќи на тоа дека и оваа постапка не ја „пере“ сторената грешка.

 

View this post on Instagram

 

Ветено, сторено ❤🇲🇰

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

И Игор Џамбазов реши да се причклучи кон толпата расположени за реакција за постапката на Тамара, ама тој како и секогаш беше оригинален и неприкосновен!

Џамбазов се стави на местото на своата пријателка и колешка, па и тој својот најголем грев го испиша на стомакот со големи букви „шток“! Неговото не беше трајна тетоважа, но гестот и повеќе од јасен.

 

View this post on Instagram

 

Секој со своите гревови…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

-Секој со своите гревови, пишува Игор јасно со крената кошула покажувајќи дека го неговиот грев кој заслужува тетоважа е алкохолот.

Реакции и коментари имаше илјадници, а меѓу привите беа Тамара и Тијана кои слатко се изнасмеаја.

Инаку, Игор Џамбазов не ретко на свои настапи и интервјуа знае да спомене дека алкохолот за него е минато.

To top