Радио Милева Возбуда на ниво

Секој по својот мерак: Мартин од „Некст тајм“ и одбрана дружина на ергенска забава во Париз (фото)

Секој по својот мерак: Мартин од „Некст тајм“ и одбрана дружина на ергенска забава во Париз (фото)

Браќата Мартин и Стефан од братското дуо „Некст Тајм“ живеат возбудливи денови, но највозбуден од сите е младоженецот Мартин кој ги има своите последни ергенски денови.

Имено, гитаристот се решил да прави ергенска забава во Париз – Франција, разбирливо со одбрана дружина меѓу кои и неговиот брат близнак.

Ергенот во одбројување го тера својот мерак, па како љубител на тенисот се реши како една од своите возбуди да биде следење меч на Ронан Гарос, а од моментите да објави неколку фотографии на својот Фејсбук профил.

Секако тука беа прошетките и разгеледувбањето на знаменитости, фотки пред Ајфеловата кула…

Скромни и навидум смирени момци, вљубеници во тенисот и другарската дружба, па во коментарите некој ги праша каде им се фотографиите од стриптиз клуб?

Одговор ниту вербален, а камоли сликовит, брем не јавно.

Браќата периодов се вратија од австралиската турнеја, а очигледно ергенската забавата е најава за свадбата што претстои.

Дотогаш она што се случува во Париз, останува во Париз.

За потсетување, по осум гитаристот Мартин Филиповски реши да се жени.Тој минатата година во месец септември ја побара раката на својата сакана, ракоментарката Андреа Белеска.

Мартин и Андреа низ годините успеаја да функционираат и на далечина, бидејќи Андреа играше за шведски женски ракометен клуб, па според ангажманите доаѓаше и во Скопје.

Андра по потекло е од Кичево, а во својата спортска кариера честопати е прогласувана за најдобар играч во тимот.


Кога е закажана свадбата, засега е непознато, но веруваме дека штом ергенската турнеја низ Франција заврши, тука е и почетокот на брачниот живот.

фото:Фејсбук/Инстаграм принтскрин/Мартин Филиповски

To top