Радио Милева
хируршки дотерани...

Секој кој ги гледал, кај нив видел га*иња за медал: Овие познати српски пејачки, старлети и останати убавици не жалеле пари за добијат совршени задници (ФОТО)

Секој кој ги гледал, кај нив видел га*иња за медал: Овие познати српски пејачки, старлети и останати убавици не жалеле пари за добијат совршени задници (ФОТО)

Совршениот задник е сон за многу жени.

И познатите дами не штедат пари за да ги направат своите задници заоблени, цврсти и затегнати. Затоа некои пејачки, старлети, па дури и сопруги на јавни личности направија се’ за да имаат извајана позадина. Додуша, нивно беше само да посетат пластичен хирург и да платат. Кога веќе мајката природа до крај не ги надарила онака како што себе си се замислуваат да изгледаат… одзади!

Јелена Карлеуша, Тамара Ѓуриќ, Маја Беровиќ, Дара Бубамара, како и сопругата на Слободан Радановиќ, Јелена, подлегнале на хируршка интервенција за зголемување на задникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Белградската „мала од скандала“ беше една од првите кои тоа го направиле. Задникот на Јелена Карлеуша го зголеми познат турски хирург кој го претстави на настан во Белград. Ги користел најквалитетните и најскапите филери што ги користат светските ѕвезди. Јелена не штеди пари кога е во прашање нејзиниот физички изглед како и гардеробата, кои обилно ги промовира на социјалните мрежи и ги става во преден план.

Нејзината колешка и до неодамна сосетка Маја Беровиќ исто така платила да поработат на нејзиниот задникво една клиника во Истанбул, неколку години пред да забремени. На овој чекор се одлучила поради фактот што не можела да има толкава задница за време на тренинзите, а морала да снима и спотови и кампања за новиот албум, на кој сакала сите да видат каква волшебна позадина има.

Затоа го ангажирала најдобриот хирург во Турција и го постигнала посакуваниот ефект буквално за еден ден.

Дара Бубамара имаше низа интервенции, а последната во низата е на нејзината задница. Цицлестата русокосата сакала задница како Џенифер Лопез, па направила бразилско подигнување на глутеусот, што подразбира вбризгување на масно ткиво во задникот од регионот каде што имала вишок. Поради ова имала и мали здравствени проблеми, но успеала да ги надмине.

Од друга страна, познатата старлета Тамара Ѓуриќ можеше фатално да заврши поради имплантот. Поради силиконот во задникот, кој и се излеа, таа заврши на ВМА, каде беше оперирана во 2019 година и извесно време беше во критична состојба.

По таа интервенција Тамара со месеци се шегуваше дека е Ники Минаж од Смедеревска Паланка.


Задницата ја зголеми и сопругата на пејачот Слободан Радановиќ. Така Јелена пред бременоста често го истакнуваше задникот во преден план на фотографиите споделени на социјалните мрежи.

За да ги задржи обликот и големината како што треба, таа редовно морала да вежба.

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева