Нема сомнеж дека збогувањето со кралицата Елизабета Втора ќе биде настан на годината во Британија. Исто како и неодамнешното прославување на платинестиот јубилеј. Смртта е прогласена под шифрата „Лондонскиот мост падна“, а погребот ќе биде извршен за десет дена. Секој детаљ веќе испланиран. Во деновите пред погребот, новиот крал ќе патува низ земјата за да прими сочувство.
За време на операцијата „Еднорог“, телото на кралицата ќе биде префрлено од Балморал во Единбург со специјален воз. На секоја станица ќе ја пречекаат работниците од итната помош и војниците. Доколку тоа не е можно поради временските услови, телото ќе се транспортира со авион.
По пристигнувањето во Единбург, ковчегот прво ќе лежи во палатата Холируд, а потоа ќе биде пренесен во катедралата Сент Гилс, каде што ќе се одржи богослужба во присуство на членовите на семејството. Телото на кралицата потоа ќе биде префрлено во Лондон со воз, кој на секоја станица ќе го пречекува почесна стража.
Петтиот ден, ковчегот ќе пристигне во Лондон, во Бакингемската палата, каде Елизабета Втора го помина речиси целиот свој работен век. После тоа, тој ќе биде префрлен во Вестминстерската опатија, каде граѓаните ќе можат да се простат од саканиот монарх во следните пет дена.
Погребот ќе биде државен. Богослужбата во Опатија ќе заврши со двоминутно молчење низ целата земја. Кога Лондон ќе се збогува со неа, ковчегот ќе биде префрлен во замокот Виндзор, а вечниот дом на кралицата Елизабета ќе биде капелата Свети Џорџ во комплексот на палатата, каде што се погребани и нејзиниот сопруг Филип, таткото и мајката.
фото:Guliver / Getty Images