Остануваат уште неколку часа да ја испратиме старата 2021 година и да ја дочекаме новата 2022 година. Некои новогодишниот амбиент ќе го дочекаат во домашна атмосфера, некои во ресторан, плоштад, а некои можеби надвор од Македонија.
Македонската водителка, Елена Стефановска живее живот со стил. Таа не бира годишно време или некој посебен повод за да отпатува некаде и да ужива во некоја дестинација.
Елена и нејзиното момче Бојан знаат да уживаат без разлика дали се во Македонија, дали надвор од државата, а таа често на социјалните мрежи знае да сподели по некоја фотографија.
Овој пат, за новогодишните празници, Стефановска ги спакува куферите и замина во една од најубавите држави – Русија.
Имено, таа објави фотографија од црвениот плоштад во Москва, а во описот напиша:
-Последните години во годината се најубави.
Елена Стефановска позира во бунда и капа на главата на еден од најубавите плоштади во светот.
Tаа сподели и дел од новогодишното украсување.
Кој знае да ужива знае да ужива, кој знае да живее со стил, знае.
Среќни празници.
фото: Станков Антонио/ инстаграм/елена стефановска