Точн 12 години поминаа од последниот концерт на Тоше Проески, кој се одржа на градскиот стадион во Скопје.
„Се надевам дека на наредниот концерт кој ќе се случи за неколку години, сцената ќе биде на крајот на стадионот и сè ќе биде преполно“, беше желбата на Тоше која никогаш не се исполни…
Со „Игри без граници” го започна тричасовниот хуманитарен концерт, не насетувајќи ја трагедијата која се случи само 11 дена по концертот.
По завршувањето на концертот, на Тоше и на неговите колеги им беа доделени статуетки Мајка Тереза, од истоимената фондација, како знак на благодарност за хуманото дело. Тоше ја предаде статуетката на неговата мајка Доминика, која му ја всадила хуманоста од мали нозе. Додека се случуваше сето тоа, небото над Скопје го осветлуваше величествен огномет во чест на Тоше.
Цели десет години на овој ден во центарот во Скопје се организираше „Ѕвездено небо“ и додека на видеобим се емитуваа најголемите негови хитови, луѓето ги потпевнуваа познатите рефрени, а со своите мобилни телефони му правеа ѕвездено небо.
извор: точка.мк