Пејачката Сека Алексиќ заедно со своето семејство ужива во својот дом во Стара Пазова.
Нејзиниот дом наликува на вистинска бајка, а покрај тоа што има огромен дом и базен, пејачката сега инвестираше во домот.
Имено, пејачката сега вгради сауна во нејзиниот дом и за истата плата 10 000 евра.
Алексиќ долго време размислувала за овој потег, а на крајот се одлучила за сауна со средна величина и од најфин материјал.
„Сека со години води грижа за својот изглед и здравје. Бидејќи неодамна направи теретана во својот дом, долго време се мислеше и за сауна. Неодамна се одлучи своите планови да ги реализира“, вели извор близок на пејачката.
„Сека се одлучи за димензија на сауна која може да собере четири личности, онолку колку има нејзиното семејство“, вели изворот.
„Сакаше да биде направена од најскапо дрво, германска опрема, професионална врата. Тоа што Сека го бараше чини 10 000 евра. За неа парите не претставуваа проблем“ тврди соговорникот.