Пејачката Сека Алексиќ проговори за трауматичните детали од своето детство.
„Јас пораснав во сиромаштија. Голема сиромаштија. Се сеќавам на две ситуации. Кога татко ми ја нападна мајка ми. Мојот брат скокна на него, го фати за глава и со првото нешто што му беше до рака го удри по глава. Мојот брат беше дете. Го удри татко ми за да се тргне од мајка ми бидејќи ја тепаше“, раскажува Сека.
„Тоа се страшни ситуации кои никогаш нема да ги заборавам. Тоа никогаш не се брише од глава“, вели Алексиќ и се расплака во емисијата „Прежали“.
Таткото на Алексиќ почина пред четири години
„Многу ми недостига, често се сеќавам на него. Јас со татко ми не се гледав секојдневно, имаше периоди кога ќе се слушневме еднаш во годината. Кога човек ќе остане без родител, дефинитивно заминал еден дел од него кој нема да се врати“, изјави пејачката неодамна за курир.рс
Инаку, Сека е во среќен брак со Вељко и има два сина – Јаков и Јован.