Сека Алексиќ била најсреќна на свадбата на синот на Ѓани, Милош Трајковиќ, која се одржа во понеделникот.
На социјалните мрежи осамнаа видеата на кои таа прави скечеви со Ѓани, се радува, пее, дури и го воспитува, а и самата Сека не престанува да ја коментира ситуацијата од свадбата на Твитер.
seka aleksić moj alter ego pic.twitter.com/ClknfB55Lm
— mina 🍅 (@sencalkapim8) June 15, 2022
Таа се шегува на своја сметка и признава дека испила малку повеќе, како и дека не знае да се контролира во такви ситуации.
Samo ne kapiram sta objasnjavam i kome 😹😹😹😹😹😹😹 https://t.co/GJw1uspqrB
— Seka Aleksic (@poslednjilet) June 15, 2022
„Не можам да влезам во галеријата поради видеата. Културно бев изобличена и бев најголемата будала на свадбата. Само да знаете дека тоа не е најлошото. Не пијам често, но кога ќе се напијам, се одземам. Не знам да пијам. Не знам со кого се натпреварувам. Не знам како дама да испијам чашка-две“ – напиша Сека.
Таа додаде:
– Така, пред две години, кога последен пат се опијанив, ѝ го дадов телефонот на една пријателка и ѝ реков да го вклучи во живо на Инстаграм. Следниот ден бев толку лута затоа што не знаев кој снимал во живо и од каде тоа право ?! Таа ми рече, па будало една, ти ми го даде телефонот и рече вклучи го во живо – напиша Сека.
Фото: Принтскрин/Немања Николиќ/Твитер/