Бремената Сека Слексиќ која наскоро ќе стане мајка по вторпат, сподели нови фотографии од својот луксузен дом кој досега не го открила пред јавноста.
Имено, Сека во домот има мини библиотека, огромен телевизиот, како и катче за нејзиниот син. Ентериерот е прекрасен и изгледа како од списание.
На гости кај пејачката дојде нејзината колешка Слаѓа Алегро која со години се дружи со Сека, а нивното пријателство дополнително го зацврстија наследниците и мајчинството.
Имено, Сека во бракот со Вељко го има синчето Јаков, другото бебе е на пат, а Саѓа со сопругот Зоран ја има ќерката Мила.