Популарната пејачка Сека Алексиќ која неодамна се породи и на свет го донесе синот Јован одлучи на „Инстаграм“ да се пофали со својата витка фигура по породувањето.
Имено, на социјалните мрежи осамна фотографија на која позира во фармерки кои одлично и прилегаат на нејзините облини, а со оваа објава таа позитивно ги изненади своите следбеници.
Многумина без изненадени од овој призор на пејачката која пред да остане бремена се бореше со вишокот на килограми.
Од почетокот на својата кариера Сека важеше за една од позгодните дами на естрадата, а нејзините фанови често коментираат дека одлично и стојат и вишокот на килограми бидејќи знае да се носи со нив.
Пејачката во еден период од животот беше незадоволна од својот изглед, па одлучи да направи промена. Имено, со балансирана храна и редовно вежбање успеа да ја доведе својата линија до совршенство.
Па така и по две породувања, Алексиќ изгледа одлично и со витка линија.
Фотографијата за краток период доби повеќе од 32 000 лајкови.