Празници се ближат, а со нив како што е редот одат и предновогодишните забави. Музики ечат на сите страни, или поточно по сите кафеани,се јаде, пие, пее и весели, се лумпува… како да е последна Нова Година.
Естрадата, особено фолкерите полни раце работа, а Бога ми и полни раце бакшиш… Ако му ја исполниш желбата или погодиш песната на гостинот – кеш не ти гине… Особено примамливи и привлечни пејачките… После 3-4 фрлени чашки, до следната тура, во главата на гостите бура и желба за авантура, која речиси секогаш завршува само на желба и евентуално уште една тура на масата и бакшиш за пејачката. Така е со гостите, а што е со пејач(к)ите?
Кај која – како! Сања Сани Гроздановска на пример, има свое објаснување дека секој ден не е само нова шанса за да успееш… Особено ако веќе си успеал да се наметнеш на естрадата како неа… Нејзе тезгите и бакшишот и се загарантирани, па затоа Сани има други планови за 2020…
На пријателите ќе им ги честита празниците со песна, ама со оние што не се покажале баш како такви, по се’ изгледа Сани решила да се „раскусури“ поинаку, па затоа цицлестата фолкерка јавно им ги соопшти своите намери споделувајќи на социјалните мрежи, за што е секој нов ден најдобар.
„Викаат секој ден е нова шанса да успееш… Не, не, секој ден е нова најдобра шанса да им е*еш племето на сите тие што те зае*але!“
Оваа туѓа „мудрост“ фолкерката ја споделила како предновогодишна честитка во вид на „предупредувачка порака“ до „пријателите“ што сами ќе се пропознаат во неа! Или можеби како свој животен став за 2020?