Радио Милева
од раменици до петици...

Сегеј Варошлија одново тргна на познатите да им ја „пукне душата“: Во „Модна катастрофа“ овој пат под опсервација беше Јелена Спенџарска (ВИДЕО)

Сегеј Варошлија одново тргна на познатите да им ја „пукне душата“: Во „Модна катастрофа“ овој пат под опсервација беше Јелена Спенџарска (ВИДЕО)

Уште во првите денови од оваа 2021-ва година Вистина.ком.мк го најави неговото враќање на ТВ екраните, откако по падот на  неговиот најдобар другар Боки 13-ка и целата 1 ТВ империја, Сегеј Варошлија како во земја да пропадна.  До душа на ова му кумуваше и корона пандемијата, изолацијата, полицискиот час, рестрикциите и забрани на движење… но  Варошлија сепак не се откажа од својата емисија.

Требаше да минат повеќе од десет месеци за ексцентричниот  македонски „фешен гуру“ одново да почне да јава во ТВ етерот. Или поточно, овој пат низ Интернет просторот.

Неговото „Студио мода“ наместо на некоја нова телевизија, нова ТВ фреквенција,  однеодамна се појави во нова форма и со ново име на Интернет, на неговиот Јутјуб канал, чие емитување го презема интернет телевизијата, односно Jingle TV каналот.

Сергеј Варошлија се врати во етерот, па модниот гуру по ТВ сушата на многумина одново ќе им ја „пукне душата“… Впрочем веќе почна, зашто концептот не е нималку променет, се’ уште е оној стариот познат, по неговиот веќе виден и проверен терк: Или си топ или си фејк!

Во најновата епизода за она што е кич и демоде, а што по најнова мода, во како што самиот вели, најзабавната рубрика за неговата публика – „Модни катстрофи“, на тапет одново изгледот и имиџот една јавна личност, позната ТВ водителка.

Сергеј Варошлија како голем ќефлија да ги „соголи од раменици до петици“ јавните фаци, овој пат не само што ја анализираше и коментираше туку и ја имитираше Јелена Спенџарска. 

Во која поза „фучи“, а која и е досадна, што тоа јавнала, а на што седнала,  што и е дрпнато, а што добро, што е природно, а што фотошопирано… Сергеј „и го спакува“ онака смирено и префинето.


Секоја фотографија и поза на Спенџарска зачинета со коментар и имитација на постоечката ситуација од „модниот експерт“. Онака како што само  „великиот гуру на македонската мода“ знае и умее некого да пофали или исмее, да го воздигне или закопа…

Е сега, друга работа  кому по неговите коментари и имитации ќе му се радува, а кому  ќе му пукне душата?

Може кој што сака да мисли за него, но едно е сигурно: Сергеј Варошлија е одличен познавач на модата, модните трендови и збиднувања во светот, а од друга страна тоа умее на забавен, оригинален и себесвојствен начин да и го пренесе на  публиката.

Ако некого „вистината го  боцка, погаѓа и боли“… Е, тоа е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на нештата, во кои Сергеј не веруваме дека имал „нешто лично“ против оние чиј изглед и имиџ го коментира, иако рака на срце, понекогаш знае и да претера!

Дали Сергеј беше „сурово реален“ или малку повеќе „отровен“ кон Јелена Спенџарска во оваа епизода од неговите „Модни „катастрофи“, за да немате сомнение, самите проценете откако ќе го погледнете видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева