Иако кога се омажи за принцот Хари и првпат се запозна и ги искуси кралските обичаи, Маган Маркл повеќе ја сакаше слободата и претходниот начин на живот.
Сега заедно со хари живеат во Калифорнија, се занимаваат со хуманитарни активности и немаат кралски задолженија.
Меган и Хари деновиве биле забележани во Лос Анџелес додека волонтирале за потребите на организацијата „Baby2Baby“.
Во сосема опуштено издание, со заштитни маски на лицето, тие подарувале залихи храна, козметика, средства за хигиена и училишна опрема за загрозените семејства. Очигледно Меган си се врати на старо, па дури и кога стилот на облека е во прашање.
Многумина ја пофалија нивната иницијатива и ангажираност, но, веднаш се појавија и критиките, затоа што наводно, Меган и Хари ангажирале фотограф да ги снима додека тие волонтираат, со што, наводно, покажале дека тоа го прават заради саморекламирање.