Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани е синоним за добра забава, а уште подобра музика и финти.
Наголемо се зборува за анегдотите од неговите настапи, а вирални станаа и неговите изреки кои ги користи на настапи и приватни прослави.
Во текот на гостувањето во една емисија водителот го прашал Ѓани како настанала неговата фраза „Фамилијо“, а пејачот вака објаснил:
– Јас тие деца буквално ги гледам како мое семејство, како мои деца и сакам да се опуштам со нив. И глупаво ми е да им речам: „Где си сине“, туку „Где сте фамилијо моја“. Мислам на моите обожаватели, тие се моето семејство, моето сè – објасни пејачот, а потоа во свој стил додаде:
– Само да не ми бараат пари на заем.
Да потсетиме, видеата како Џани пие од чевелот, и како му прават круна од пари, ги преплавија социјалните мрежи, а ова е само еден од доказите зошто Џани ја носи титулата крал на бакшишот.
Фото:Принтскрин/Амиџи Шоу/Д.Кадиќ